20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Случајна средба открила замена на 9-месечни момчиња во породилиште

Две мајки од Бразил чекаат ДНК тест кој ќе покаже дали нивните 9-месечни синови се заменети во породилиште по раѓањето.

Франсиели Монтеиро Гарсиа и Ериваниа да Силва Сантос од градот Алта Флореста на западот на Бразил направиле ДНК тест како би утврдиле дали се мајки на момчињата кои во мај минатата година ги донеле од породилиштето.

Шокантната грешка ја открил случаен состанок на мајките во клиника, и тоа 5 месеци по раѓањето на бебињата.

На рутински преглед кај педијатар, Франсиели забележала бебе кое многу личи на нејзиниот сопруг. Ја контактирала Ериваниа и за време на разговорот сфатиле дека децата веројатно се заменети во болница. Ериваниа да Силва Сантос родила истиот ден во истата болница, пишува Глобо.

Франсиели Монтеиро Гарсиа веќе направила ДНК тест кој покажал дека таа не е мајка на 9-месечното момче. Резултатите од тестот и ги покажала на главната сестра во болницата.

Регионалната болница во која се родени момчињата негира било каква злоупотреба. Се уште не е јасно како бебињата се предадени на „погрешни“ мајки. Веројатно дошло до замена на идентификациските нараквици со вистинските имиња на родителите.

Судија наредил нов ДНК тест како би се утврдила вистината. Во меѓувреме, мајките одржуваат контакт за момчињата да изградат меѓусебен однос.

Спонзорирано: