5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судски рочишта за „Тендери“ и за „Насилството во Центар“

Во кривичниот суд треба да се одржат рочишта за предметите на специјалното јавно обвинителство – „Тендери“ и за „Насилството во Општина Центар“. Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, е првообвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО како дел од проектот „Скопје 2014“.
Судењето за „Насилството во Центар“ почнува одново бидејќи со новиот распоред предметот му е доделен на судијата Душан Јосифов, кој го наследи од судијката Татјана Михајлова. Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.