20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Огромен одрон на пругата Велес-Градско

Огромен одрон од карпа го прекина сообраќајот на пругата Велес-Градско. Утринава машина за одржување на колосекот на „Македонски железници – Инфраструктура“ удри во одронот.
Во несреќата нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Од МВР информираат дека освен на пругата, одрон има и на регионалниот пат Велес-Градско, на излезот од градот, пред вливот на реката Тополка во Вардар. Патниот и железничкиот сообраќај е целосно во прекин од 8.30 часот.
Спонзорирано: