6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рано е за пролетта, доаѓа уште постуден бран – ќе биде кочан ладно со температури под нулата

Доколку сметавте дека зимата заврши, се излажавте.

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза во која најавуваат значително намалување на температурите и нов уште постуден бран кон крајот на месецот.

По топлите денови на минатиот викенд и оваа недела кога ќе достигнат и 25 степени не треба да помислиме зимата е “скршена” и надоаѓа пролет.

Уште од идниот вторник се најавуваат и првите негативни температури, а верувале или не, во ноќта кон четврток ќе се создадат и првите услови за провејување на снег.

Максималните дневни температури ќе достигнат само 8 степени.

Студениот период ќе се заддржи мошне кратко, односно само дел од идната недела.

Кон крајот на март се очекува постепено враќање на топлите денови.

Спонзорирано: