16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Работник кој добил отказ влегол во фирмата и почнал на пука – има мртви

Поранешен вработен влегол во информатичка компанија во Белград и почнал да пука при што настрадало едно лице, а две се повредени. Напаѓачот подоцна се обидел да се самоубие во својот стан со бомба.
Инцидентот се случил во улицата Рузвелтова во Белград откако 31-годишниот Небојша С., добил отказ од работа. „Најпрво примивме повик за Рузвелтова, а после неколку минути и дека лицето скокнало од прозор во улицата Никодин Милаш, што е во близина“, изјави Нада Мацура, портпаролка на Брзата помош. На лице место биле испратени три екипи на Брза помош.
Според белградските медиуми, напаѓачот во четвртокот добил отказ во формата, по што денеска се вратил во канцеларијата и пукал во колегите.
Небојша убил еден вработен во фирмата, тешко ранил уште еден, а еден поранешен колега тешко повредил скокајќи од прозорецот за да го избегне нападот. Смртни рани му биле зададени на 31-годишниот Бранко К., додека 36-годишниот Марко Ф. е ранет во рамо, додека Игор Р. Успеал да се спаси така што скокнал низ прозорот од станот.
Тој потоа заминал во својот стан, каде си пукал во главата и активирал експлозивна направа. Полицијата стигнала таму по пријава дека има пожар.
Од експлозијата се затресла целата зграда на улицата „Војвода Саватија“, а неколку часа подоцна пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.
Итната помош стигнала околу 10.40 часот и едно лице однела Небојша на реанимација, другото во Ургентен центар, а кај третиот само констатирале смрт.
Спонзорирано: