21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Законот за јазиците ѝ служи на опозицијата како изговор за блокада на реформите

Законот за јазиците, што ВМРО-ДПМНЕ еднаш го прифати, денес ѝ служи само како изговор за блокада на реформите, обвини денеска СДСМ. Според владејачката партија, јасни се лицемерството и преправањето на опозициската партија.
„Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ прифати предлог-закон за употреба на јазиците во надеж дека ќе формира влада. Денес, законот за употреба на јазиците ВМРО-ДПНЕ го користи само како изговор да продолжи со блокада на реформите и со тоа да ги кочи развојот и напредокот. Дебатата за употреба на законот за јазиците е отворена 9 месеци и доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше, досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на законот. Наместо тоа, опозициската партија реши да го блокира процесот и со тоа да дејствува против европските вредности и против градењето на едно општество, концепт што доби силна поддршка од граѓаните на последните неколку избори“, соопшти СДСМ.
Според партијата, законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и амандманот 5, кој е донесен во 2001 година. Очигледно Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби на својот претходник Никола Груевски, со што ВМРО-ДПМНЕ повторно работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Спонзорирано: