7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Toни во Еден на Еден: Зошто никој не ги прашува другите актери зошто се занимаваат со политика

Колку актери познавате што се занимаваат со политика? Зошто никој нив не ги прашува зошто се занимаваат со политика? – вели Тони Михајловски во првото гостување во Еден на Еден, каде отворено зборуваше за својата политичка определеност и потребата да го искаже своето политичко мислење.

Но, на страна политиката, неделната епизода на Еден на Еден беше одлична можност да го видиме Тони во едно поинакво светло.

Детството во Куманово, боксот, студиите на ФДУ и магистратурата по режија, се само дел од работите за кои досега ретко зборувал. Тони раскажа за времето когa ги снимал „Буре барут“ и „Збогум на 20-тиот век“, како и за неговото сегашно искуство со „Сенки над Балканот“.

Жаре не пропушти да го праша и за неговите синови, внукот, но и „Опуштено“, Део, Цаци…

– Јас сум познат мрчомуда – признава Тони во негов стил.

За оние што ја пропуштија, погледнете ја оваа одлична епизода на „Еден на Еден“ на „Јутјуб“.

Во недела од 18:50 часот на „Канал 5“ во новата „Еден на Еден“ гледајте го интервјуто со Влатко Стефановски.