15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Метеор ја претвори ноќта во ден на Урал (Видео)

Жителите во областа Урал во Русија присуствувале на необичен феномен, кога шарена огнена топка го осветлила ноќното небо, по што следеле експлозии.

Станува збор за метеор кој сјаел во жолта и портокалова боја додека паѓал. Светлечкиот објект јасно се гледал од блиските градови и села.

На видео снимките објавени на интернет се гледа блесок кој на момент ја претвора ноќта во ден.

– Додека паѓаше, светеше во жолта и портокалова боја, а зад себе оставаше трага во виолетова боја, рекол сведок, кој додал дека блесокот траел шест или седум секунди.

Спонзорирано: