15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Уживав кога работев како разузнавач, за таа професија треба силен карактер

Рускиот претседател, Владимир Путин, неодамна изјави дека со радост се сеќава на времето кога бил разузнавачки службеник.

„Долго време се занимавав со тоа, но навистина уживав во работата. Тоа беше моја професија долга низа години“, рекол Путин, а пренесува „Спутник“.

Тој во филмот „Светски поредок 2018“, исто така зборува за работата во разузнавачките служби, истакнувајќи дека бара многу напор.

„Станува збор за уникатни луѓе, вистински индивидуалци. Според уверувањата, интелектот и волјата тие се посебни луѓе. За мене, работата во таа служба беше неверојатно искуство“, заклучува Путин.

Спонзорирано: