Трагедија: Најмалку четири лица умреле откако изеле дињи заразени од листерија
Најмалку четири лица починале, а 17 се хоспитализирани во Австралија откако изеле заразени дињи, јавија агенциите.
До инцидентот дошло откако лицата изеле дињи заразени со бактерија листерија.
Заразените дињи потекнувале од Грифит, во Нов Јужен Велс кој е познат како земјоделски крај во Австралија.
Надлежните инспекции наредиле повлекување на заразените дињи од пазарот, а до граѓаните е упатен апел да не ги консумираат.
Спонзорирано: