23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Драматично спасување на маж затрупан од снег после лавина (Видое)

Објавено е драматично видео кое ги прикажува последиците од лавина во Северна Калифорнија. Видеото прикажува луѓе кои откопуваат маж кој останал затрупан под снегот.

Прво го отстраниле снегот од лицето на Еван Хак, а потоа со раце и лопати продолжиле да го откопуваат остатокот од телото.

„Само продолжи да копаш! Тој дише!“, се слуша во видеото.

Според зборовите на сведоците, додека го откопувале мажот се испитувало дали неговата сопруга е добро.

А неговата сопруга Кехлин Хак завршила затрупана речиси до вратот, но некако успеала да се ослободи додека другите му помагале на нејзиниот сопруг.

Лавината затрупала пет лица, но, за среќа, сите преживеале. Само едно лице здобило тешки повреди.

Спонзорирано: