16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Уапсени шестмина екстремни десничари во Грција, напаѓале простории на мигранти и левицата

Полицијата за борба против тероризмот уапси шест грчки државјани, припадници на екстремната десница, во близина на Атина, на северот од земјата.

Тие се товарат дека со експлозивни направи напаѓале простории на мигранти и на левицата, велат полициски извори во земјата. Петорица екстремисти се уапсени во близина на Атина, а шестиот во Јанијина. Во куќата на едниот од нив, полицијата пронашла молотови коктели. Полицијата засега не потврди дека се уапсени членови на неонацистичката грчка партија Златна зора, наведувајќи само дека припаѓаат на групи на екстремната десница.

Последните месеци беше зголемен бројот на напади на екстремни десничари во просториите на левичарската партија и мигрантите. Пред десет дена, пет лица настрадаа во напад што го извршија осум лица на просториите на антифашистичко здружение, во Пиреја, кај Атина.

Според податоците на полицијата, меѓу повредените беше и жена блиска на Павлос Фисас, рапер и антифашист кој членовите на „Златна зора“ го убија во септември во 2013-та година.

Според изјавите на повредените, нападот го извршиле „Златна зора“.