23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од куќа во село Сенокос украден накит во вредност од милион денари

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа на гостиварското село Сенокос, при што одзел златен накит во вредност од околу 1.000.000 денари и 500 евра.

Како што информираат од МВР, на четврти март годинава во периодот од 15 до 21 часот, крадецот влегол во семејна куќа во селото, на тој начин што насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување ги одзел накитот и странските валути.