24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија со дождови и грмежи, а потоа пресврт – синоптичарите јавуваат за голема промена на времето

И денеска ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови (локално над 15л/м2).

Само на повисоките планини ќе има повремен снег.

Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи.

Во среда ќе биде претежно суво, a во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег.

До четврток повремено ќе дува засилен ветер, утре и во среда од јужен и југозападен, а во четврток од северозападен правец.

Од петок ќе настапи стабилизација со значително повисоки дневни температури за време на викендот.