24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Филмска ликвидација: Познат мафијаш убиен во болница

Алфонсо Контрерас Еспиноза, познат лидер на нарко-картел, убиен е во болница во покраината Кинтана Ро во Мексико.

Полицијата наведува дека Еспиноза е убиен во болница во градот Канкун во која бил хоспитализиран.

Според полицијата, Еспиноза го усмртиле четири вооружени лица кои, и покрај чуварите кои го обезбедувале пациентот, успеале да влезат во собата во која се наоѓал.

Во полициското соопштение се додава дека во таа прилика убиена е и неговата девојка која се наоѓала покрај него во тој момент.

Инаку, Еспиноза во јули минатата година е уапсен под обвинение за незаконско поседување оружје, но судот му дозволил да се брани од слобода поради здравствени проблеми.

Се претпоставува дека Еспиноза го убиле членови на друг нарко-картел поради ривалство.