19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Доаѓа ли ИКЕА во Македонија?

Во земјите од југоисточна Европа присутноста на компанијата ИКЕА е многу важна, бидејќи кога еден трговски бренд доаѓа во регионот, се подобруваат шансите истиот да дојде и во соседните земји.

„Засега не постои план ИКЕА да биде отворена во Босна и Херцеговина, но тоа не значи дека не сме заинтересирани за таа земја, како и другите земји како Македонија и Црна Гора“, изјавил за Анадолија директорот на шведската компанија ИКЕА за развој во југоисточна Европа Владислав Лалиќ.

Тој објаснил дека регионалната канцеларија во Белград, која е задолжена за Србија, Словенија, Романија и Хрватска правела анализи за БиХ и дека сега фокусот е ставен на овие четири земји, а во некоја блиска иднина ќе може да каже повеќе за отварање на ИКЕА во останатите земји.

– Ние кога влегуваме на пазарот правиме доста комплексна демографска, економска, макроекономска анализа, земаме доста параметри во предвид и на база на тоа донесуваме одлуки.

– Тоа не значи дека не сме заинтересирани за БиХ, како и другите земји како Македонија и Црна Гора и така натаму, но се уште не се исполнети условите за да можеме да кажеме нешто поконкретно, навел за Анадолија.

Спонзорирано: