17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Скок за едно место на кошаркарската репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација се искачи за една позиција на најновата ранг-листа на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Победата над Словечка во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина и падот на Велика Британија за две места ја искачија Македонија на 39. место во светски рамки, односно на 21. место во Европа.

Кога станува збор за пласманот во топ-10 тука има три промени. Грција се врати меѓу најдобрите десет во светот, каде што повеќе не е Бразил, Франција ја мина Србија на третото место, а Аргентина ја презеде петтата позиција од Литванија.

Во топ-10 се САД, Шпанија, Франција, Србија, Аргентина, Литванија, Словенија, Хрватска, Грција и Австралија.

Спонзорирано: