18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против двајца кумановци за шверцување мигранти

На патот од Куманово кон село Костурник пред два дена од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (38), а како сопатник бил К.И. (21), двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица.

Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и извршен е разговор, при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане. Лицата се лишени од слобода, а против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави за шверцување мигранти.

Спонзорирано: