23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради лошите временски услови во Брисел, одложена посетата на функционерите на НАТО и на ЕУ

Поради лошото време во Брисел, посетата на Македонија на помошникот на генералниот секретар на НАТО и на заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при ЕК, наместо денеска, ќе се одржи утре, информира Владата.

„Лошите временски услови во Брисел денеска ги спречија да полетаат и да пристигнат во најавената посета на Република Македонија помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес, и Мачеј Поповски, заменик-генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија“, се вели во соопштението.

Двајцата високи претставници на НАТО и на Европската комисија средбите предвидени за денеска ќе ги остварат во текот на утрешниот ден.

Спонзорирано: