25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обвинителството ги истражува наводите за трошењето во Антикорупциска

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување корупција.

„По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции“, соопшти Обвинителството.

Ревизорскиот извештај на УЈП за работата на Комисијата покажа дека дел од членовите користеле неверодостојни патни налози за кои им биле исплаќани патни трошоци. Дополнително како ненаменско трошење буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување стан.

Ревизијата се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во ДКСК од април 2015.