21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Викенд временска прогноза: По најстудениот ден не чека вистински пресврт

По дефинитивно најстудената ноќ и утро со минимални температури на воздухот од -18 до -8 степени а на високите планини и до околу -20 степени во текот на денешниот ден следува судир на ладниот и топлиот воздух кој ќе продре од јужните географски широчини.

Во текот на денешниот на запад најпрвин ќе започнат послаби врнежи од снег но како ќе продира топлиот воздух така и врнежите од снег на пониските места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Во ваква ситуација и поради топлиот воздух на горниот слој на Атмосферата и ладниот на долниот слој од истата можна е и локална појава на замрзнат дожд кој директно се заледува со допирање на тлото.

Токму ова е многу опасна метеоролошка појава за граѓаните пешаци како и за граѓаните кој возат автомобили па затоа бидете внимателни на лизгавото тло.

Максималните дневни температури денеска ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 5 степени додека во петок од 4 до 10 степени.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.