25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) Владата со супер вести за приватниот сектор – вакво нешто не можеше ни да се замисли во времето на ВМРО ДПМНЕ

Микро, малите и средните претпријатија ќе бидат најсилно поддржани преку мерките од Планот за економски раст, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој потенцираше дека микро, малите и средни претпријатија се во привилегирана положба затоа што ќе можат да ги користат мерките од сите три столба на Планот за економски раст, кои ќе се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и преку спроведување на среднорочната Програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, како и мерки кои ќе се спроведуваат преку Министерството за економија.

„Со среднорочната Програма за поддршка на мали и средни компании се овозможува дополнителна, посебна поддршка на малите и средни компании, кои имаат право да ги користат и мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст.

Со Програмата како никогаш досега се дава поддршка на МСП. Малите и средни компании ќе имаат можност да добијат 30% поврат на средства направени во инвестиции за градење нови хали, купување машини и други основни средства, а доколку прават инвестиции за развивање нови производи, Владата ќе изврши поврат од 70% од направените инвестиции за развивање на новите производи “, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, истакна дека преку Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија, државата станува инвеститор и партнер на компаниите.

Тој информираше дека во 2018 година за програмата се наменети 645 милиони денари и даде детално објаснување за секоја од петте мерки со кои ќе се овозможи помош за компаниите.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, објасни дека Министерството дополнително на планот на економски раст, во 2018 година, ќе ја спроведува и Програмата за конкурентност, претприемништво и иновации каде што се наменети околу 38 милиони денари.

„Министерството за економија ќе спроведе 13 мерки преку  Програмата кои не се преклопуваат туку се надополнуваат со мерките од Планот за економски раст.

Со годинешниот буџет од 38 милиони и 390 илјади денари, само за делот на Поддршка на развојот на мали и средни претпријатија, и дополнителни 9 милиони за мерки на индустриска политика и кластери, усвоена е програма која е збогатена со нови мерки, креирани на барање и во корист на претприемачите.

Тоа автоматски ќе значи и поголем број мали и средни претпријатија кои можат да имаат бенефит од мерките. А бидејќи се тие основни двигатели на една економија, среќен сум што ќе придонесеме за раздвижување на економската база“, истакна министерот Бектеши.