11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Нова оставка во Белата куќа, Трамп остана без директорката за комуникации

Директорката за комуникации во Белата куќа и една од соработниците на американскиот претседател Доналд Трам, која е со најдолг стаж, Хоуп Хикс, поднесе оставка на функцијата. Портпаролката на Белта куќа, Сара Сандерс изјави дека не е познато кога Хикс точно го напушта местото директор за комуникации, пренесе Ројтерс.

Сандерс додала дека оставката на Хикс не е поврзана со нејзиното сведочење во вторник пред одборот на Конгресот на САД за истрагата за наводна вмешаност на Руисја во американските претседателски избори во 2016 година.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Хикс им рекла на колегите дека ќе поднесе оставка. „Тајмс“, повикувајќи се на извори од Белата куќа, наведува дека Хикс рекла дека го постигнала тоа што чувствувала дека може, за време на работата во Белата куќа.