17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Утре без струја делови на Бутел и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре во периодот од 8:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Александар Урдаревски“, ( во околината на фирмата „Винце комерц“ ) во општина Бутел.

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од бул. „Србија“ (фирмите: „Евроазија“, „Пластекс“, „Крка“, „NGH“, „Флуид“, „Живинокооп“, „Грос“, како и нестопански објекти на ул. „ Борис Трајковски“ – бр. 4, 6, 8 и 18 во Општина Кисела Вода.

Од 9:30 до 10:30 часот корисниците од дел од бул. „Србија“ ( фирмите: автосервис „Скендеровски“, „Микроасу“, „Гранд експорт“, „Енергосистеми“ и др. во околината), и нестопанските објекти од ул. „Христо Татарчев“ – бр. 2 и 15. во Oпштина Кисела Вода.