21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Денес започнува новата наградна игра на Макпетрол, „Верна повторно наградува“

МАКПЕТРОЛ, најголемата и најстарата компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Република Македонија, за сите лојални корисници на картичката ВЕРНА и оваа година организира голема наградна игра, „Верна повторно наградува“.

Со секои впишани 10 поени на Верна картичката, членовите на ВЕРНА програмата за лојалност добиваат по една шанса за награда. Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка!

Наградната игра ќе започне од 01.03.2018 година и ќе трае до 15.12.2018 година, а ќе се одвива во 8 посебни Редовни кола, 4 Мастер кола и едно Финално Мастер коло.

За лојалните корисници на Верна картичката за лојалност подаруваме многу вредни награди. Нашите верни потрошувачи ќе бидат наградени со: Ваучер за Кристал Кар во вредност од 300,00 денари, 1000 ВЕРНА поени, Ваучер за Лубекс моторни масла во вредност од 1.500,00 денари, Ваучер за гуми во вредност од 2.500,00 денари, лаптопи Dell, како и викенди во хотелите на Макпетрол. Најсреќните ќе можат да уживаат во наградите од Мастер колата, а тоа се: два скутери Honda, чамец со мотор Honda и приколка, прекрасната Honda Jazz, како и фантастичната Honda Civic што ќе биде доделена во финалното Мастер коло.

Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!

Како и минатата година, така и овој пат преку својата ВЕРНА програмата за лојалност, Макпетрол АД изразува благодарност кон своите потрошувачи и ги наградува за нивната лојалност. Наградната игра нема да биде единствената активност оваа година. Како и досега, продолжуваме со реализација на други интересни промоции на бензиските станици наменети за нашите потрошувачи, за кои членовите на ВЕРНА програмата за лојалност ќе бидат редовно и навремено известувани.