21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тежок инцидент предмалку во Скопје: Тинејџер прободен со нож на „Рекорд“

Шеснаесетгодишно момче било прободено со нож на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје.

Според информациите од МВР, крвавиот инцидент се случил попладнево, околу 12 и 40 часот.

Најпрво З.Т. бил нападнат од две лица, а потоа бил прободен со нож во пределот на стомакот.

Со возило на Итна медицинска помош момчето е префрлено во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Полицијата работи на расчистување на случајот.