14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Средба Мицкоски – Тимоние: Потребен е дијалог и вклучување на опозицијата за клучните прашања во земјата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од генералниот секретар, Игор Јанушев, и членот на Извршниот комитет, Игор Николов, оствари средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата станало збор за актуелната политичка состојба, стратешките приоритети на земјава и реформските процеси важни за државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, посочил дека е потребен политички дијалог и вклучување на опозицијата во однос на клучните прашања во државата, а самиот процес е двонасочен, односно за тоа потребна е волја од владејачкото мнозинство. Мицкоски истакнал дека е загрижувачки застојот во економијата и реформските процеси, што се должи на недоволната посветеност и манифестирањето неспособност од страна на власта да менаџира со процесите и државната економија. Тој потенцирал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој процес, но доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес на државата и граѓаните.

Мицкоски на средбата информирал дека сериозен проблем претставува политичкиот прогон што го спроведува власта и дека истиот претставува пречка за придвижување на стратешките општествени и политички процеси во државата кои сè уште се во застој. Во однос на интеграциските процеси, Мицкоски истакнал дека стратешки приоритет на земјава е членството во ЕУ и НАТО и ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи во насока на остварување на овој стратешки процес.

Спонзорирано: