9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општина Карпош стопираше изградба на два објектa на партијата на Љубисав Иванов – Ѕинго

Општина Карпош денеска донесе решение за прекин на постапката за изградба на два објекта на местото на стариот Дом за култура во населбата Тафталиџе 1. Станува збор за објект кој е во сопственост на Социјалистичка партија на Македонија на Љубисав Иванов Ѕинго,  а во чие име инвеститорот „Гренадер“ ДООЕЛ – Скопје на негово место предвидува изградба на два објекта.
Решението е донесено врз основа на член 95 од Законот за општа управна постапка како претходно прашање, бидејќи за таа градежна локација надлежното јавно обвинителство води предистражна постапка.
„Со цел да не дојде до погрешна интерпретација на процедурите и сензитивноста  на сопственоста  на објектот (сопственост на политичка партија), градоначалникот на Карпош објасни дека локалната власт во целост ги почитува законските процедури без оглед дали станува збор за приватен инвеститор или сопственик на земјиште или, како во случајов, политичка партија“, се вели во соопштението.
Спонзорирано: