11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицевски: Власта нè задолжи со нови 33,2 милиони евра

СДСМ неконтролирано и без основа се задолжува. Власта вчера нè задолжи за 33,2 милиони евра, односно 6,7 милиони евра повеќе од првично планираните и побараните 26,5 милиони евра, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Огромни задолжувања, а никакви проекти. Реализираните капитални инвестиции во јануари 2018 година се само 242 милиона денари, односно 6 пати помалку од јануари 2017 година, кога капиталните инвестиции беа потрошени 1 милијарда и 300 милиони денари. СДСМ треба да одговори на што се трошат парите на граѓаните ако не на капитални инвестиции?“, рече Мицевски.

Расипништвото на власта, додаде тој, од нејзиното доаѓање до денес граѓаните ги чинеше 1,4 милијарда евра, од кои 669 милиони евра се пари задолжени само во 2018 година.

„СДСМ ги закочи капиталните проекти почнати во време на ВМРО-ДПМНЕ и развојот на државата го стави на коцка за сметка на партиските вработувања и други расипнички трошења, од кои бенефит имаат само активистите на СДСМ“, рече Мицевски.

Спонзорирано: