23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Бошкоски: Немам особена потреба да го гледам Мијалков

Мислам дека конечно ќе профункционира правната држава и дека сите ќе ги стигне правдата, изјави Љубе Бошкоски по денешното судско рочиште за предметот Тортура, кое беше одложено.

Тој порача дека ова судење треба да служи како пример како не треба во иднина да се применува законот.

Рече дека не сака да прејудицира дали поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, треба или не треба кривично да одговара.

„Целиот свет слушна во каков тоталитарен режим живееше Р. Македонија и навистина нити чувствувам специјална потреба да го видам тој лик на судењата, но ако судот одлучи дека тој треба да се појави, тогаш сигурно ќе се појави“ истакна Бошкоски.

Тој рече дека оние што го апсеа, ги гледа за прв пат по седум години.

„Прв пат ги гледам по седум години. Истите ликови се, но не се расположени како тој ден, кога ја извршуваа задачата дадена од нивниот наредбодател и шеф, тогашниот директор на УБК“ рече Бошкоски.

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски, беше одложено бидејќи нема правосилен обвинителен акт за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Предметот по жалба на СЈО е во Апелациониот суд.

Спонзорирано: