8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се затвора фондацијата „Кевин Спејси“ во Велика Британија

Фондацијата „Кевин Спејси“ во Велика Британија одлучи да престане со работа поради повеќето обвинувања за сексуално вознемирување со кои се соочува познатиот актер.

Фондацијата на својот сајт соопшти дека нивните донатори заклучиле дека работата на фондацијата повеќе не е одржлива.

Фондацијата се заминаваше со пронаоѓање на млади уметници и им помагаше при нивниот развој во кариерата.

Спејси во Велика Британија 11 години беше уметнички директор на театарот Олд Вик, од каде кон крајот на минатата година соопштија дека примиле 20 обвинувања поради недолично однесување на Спејси.