23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дијалогот „Жан Моне“ ќе се одржи во Охрид, потврди Џафери

Процесот „Жан Моне“ која првпат нема да се одржи во Париз, туку во Охрид, најверојатно ќе биде од 15-17 март, потврди претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој на денешниот брифинг рече дека се чека потврда за присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и други високи претставници на Европската комисија и други институции. Како алтернативен термин за одржување на дијалогот е месец мај.

Одлуката за дијалогот „Жан Моне“ да се одржи во Охрид била донесена на средбата на тројката европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Фленкештајн со Џафери и со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи што се одржа завчера.

Процесот „Жан Моне“ е механизам на Европскиот парламент во кој се повикуваат лидерите на сите парламентарни партии во куќата на Жан Моне близу Париз и низ отворен и конструктивен разговор, без присуство на медиуми и камери, во директен и личен контакт се прави обид да се најде заеднички јазик за однапред договорени теми.

Спонзорирано: