20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Не стивнуваат судирите во Источна Гута

Во сириското предградие Источна Гута продолжија судирите меѓу бунтовниците и сириските владини сили наспроти рускиот план за прекин на огнот, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Русија предложи дневен петчасовен прекин на огнот за да може цивилите да го напуштат предградието, а примирјето пропадна уште првиот ден.

Сириската војска, како и бунтовниците, сè уште не го коментира денешниот развој на настаните. Се огласи и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој рече дека екстремистите во Источна Гута ги блокираат доаѓањето на хуманитарната помош и евакуацијата на цивилното население кое сака да ја напушти енклавата.

Спонзорирано: