26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва важна вест за возачите: Сообраќајот на овој патен правец е во прекин

Поради врнежи од снег сообраќајот на патниот правец Крушево-Прилеп и Крушево -Демир Хисар за сите видови возила е во прекин, информираат од МВР.

Инаку во тек се и забрани за тешки товарни возила и тоа:

Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:00 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

Од 16:40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково.

Од 17:40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот премин Ѓавато.

Сообраќајот на патниот правец Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар е во прекин за сите видови на возила поради врнежи од снег.