20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп: Би влегол во училиштето на Флорида дури и невооружен

на полицијата на неодамнешното пукање во училиштето на Флорида, изјави дека тој дури и невооружен би влетал во училиштето за да се биде таму во моментот на пукањето.

„Не знаете додека не се најдете во таква ситуација, но мислам и навистина верувам дека би дотрчал таму дури и да сум немал оружје“ истакна Трамп во обраќањето пред гувернерите на американските сојузни држави во Белата куќа.

Трамп изрази уверување дека и поголем дел од присутните во таа просторија би постапиле како него. Неговиот зимски состанок со гувернерите во Вашингтон претежно бил фокусиран на последиците од масакрот над 17 ученици и професори, кои на 15 февруари во училиштето во Паркленд на Флорида, кој го изведе поранешен ученик.

Американскиот претседател уште еднаш укажа на потребата за примена на нов закон за контрола на вооружувањето и подобрување на безбедноста во училиштатата.

Во меѓувреме, училишниoт офицер, Скот Патерсон, кој беше наречен кукавица од страна на претседателот Доналд Трамп, денеска пред судот ги бранеше своите активности за време на пукањето во средното училиште. Неговиот адвокат рече дека Патерсон мислел оти пукањето доаѓало од надвор, а не одвнатре во училиштето, како и дека тој ги следел правилата за заштита на училишната зграда.

Петерсон, кој е ветеран службеник во полиција, минатата недела поднесе оставка, откако неговиот шеф го суспендираше без плата.

Спонзорирано: