5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот низ државата се одвива отежнато и во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека забрани за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, Гостивар – Кичево преку Стража, Струга – граничен премин Ќафасан и на планинскиот премин Пресека. Воедно, ги потсетуваат возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, трае до 15-ти март 2018 година.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.