12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег и студ цела работна недела, но она што ќе се случува од сабота ќе ве изненади

Времето во земјата е облачно и студено со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен снег претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата до 1 степен.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови.

Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде в четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени.

Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Спонзорирано: