16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија пред познат ноќен клуб, пронајдени и 11 бомби во контејнер во главниот град на Црна Гора

Експлозивна направа била активирана пред локалот „Чоколадо“ во Подгорица, којшто е во сопственост на шефот на Интерпол во Црна Гора, Дејан Дурановиќ.

Бомбата била активирана утрово околу четири часот, а извори од полицијата велат дека експлозијата најверојатно била предизвикана со помош на силно пиротехничко средство.

„Влезната врата е малку оштетена, скршено е стаклото.

Нема повредени, претпоставуваме дека е предупредување кон сопственикот на локалот“, велат од полицијата.

Уште еден случај со експлозивна направа во Подгорица бил регистриран викендов, кога Подгоричанец пребарувајќи контејнер пронашол 11 бомби, за што веднаш ги известил надлежните.

Станува збор за рачни вомби од типот М75, што допрва ќе бидат вештачени.

Спонзорирано: