3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Милошоски со бебето во раце соопшти одлука која се коси со политиките на ДПМНЕ – Направи потег кој никој не го очекуваше

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, порача дека го поддржува денешниот протест за одбрана на името и идентитетот на државата.

Тој преку видеопорака на својот фејсбук-профил рече дека барањето на Грција за менување на Уставот е мешање во внатрешните работи на државата и најави дека ќе присуствува на протестот.

– Протестот за зачувување на идентитетот и на уставниот суверенитет на Република Македонија, доколку биде достоинствен и мирен, без разлика што е зимно време, може да ѝ биде и од помош на државата, без разлика кој раководи со неа.

Јас ќе присуствувам на тој протестен собир и ќе имам можност да бидам чесен и родољубив граѓанин на Република Македонија, дел од луѓето што сметаат дека треба да бидат присутни на овој протест.

Дали некој сака да присуствува или не сака, може или не може, тоа е лична работа, но мислам дека како граѓани, како нација, како народ, добро е да покажеме дека имаме став.

Борбата ниту ќе почне утре, почнала многу одамна, ниту ќе заврши тука. Ќе ни треба многу мудрост, визија, трпение и аргументи.

Сепак, најмногу од сè, ќе ни треба слога. И во името на таа национална слога јас ќе ја дадам мојата поддршка за утрешниот протест – порача Милошоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера се оградија дека тие се организатори на протестот.

Протестот е организиран од повеќе здруженија што се декларираат како патриотски организации, кои бараат да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притворените за инцидентите во Собранието на 27 април.

Спонзорирано: