9.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Иванов ги терал новинарите да потпишат сертификати за да молчат, обвини ЗНМ

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на дваесетина новинари на почетокот на јануари им доделил наводни безбедносни сертификати со кои се обврзуваат да не изнесуваат информации што ќе дојдат до нив во врска со претседателот и неговиот Кабинет, рече претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

Новинарите на кои им биле дадени сертификатите биле повикани на брифинг во Кабинетот на Иванов. Тие биле повикувани во групи и им било давано да го потпишат сертификатот, без да знаат за што станува збор.

„Со овој сертификат новинарите се обврзуваат да не изнесуваат одредени информации поврзани со претседателот и неговиот Кабинет, а доколку го сторат тоа, ќе одговараат кривично“, вели Селмани.

Според него, овој чин на Кабинетот на Иванов претставува притисок врз новинарството и претворање на медиумите од стожери на јавноста во послушници на институцијата.

Новинарите што го потпишале барањето за сертификатот пријавиле во ЗНМ по што здружението стапило во контакт со Кабинетот на претседателот за да се информираат за што станува збор, но добиле одговор дека таков брифинг не бил никогаш одржан.

„Новинарите во тој момент не биле во можност да се консултираат со редакциите или ЗНМ за значењето на тој сертификат бидејќи на влезот им биле одземени мобилните телефони“, вели Селмани додавајќи дека каква било поврзаност на новинарите со безбедносните служби е неприфатлива.

Виктор Јованов