20.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Телефонски броеви за жителите на Ѓорче Петров за пријавување проблеми од снежните врнежи

Жителите на скопската населба Ѓорче Петров може да пријават проблем од снежните врнежи во општината на телефонските броеви 20144-411 и 2039-307.

Од Општината информираат дека во текот на ноќта и утрово на територија на Ѓорче Петров фрлени се над 20 тони сол. Исчистени се улици во Волково, Орман, патот кон Никиштане, околу училиштата, а се фрлаше сол и по автобуските станици. Службите се и натаму на терен.