10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Тања се вратила од пат околу светот па се шокирала кога влегла во својата куќа

Тања Лаверти од Ливерпул не можела да верува во она што го направило наизглед мирно семејство од Јужна Кореја во нејзиниот дом.

Добродушната волонтерка од Ливерпул, која обожавала да готви супи за бездомници, го скратила долго планираното патување околу светот и открила дека криминалци и го претвориле станот во фарма за канабис.

Како што јавуваат медиумите, Тања го изнајмила својот дом на едно семејство и со дечкото отпатувала во Азија.

Се загрижила кога подстранарите престанале да плаќаат станарина. Кога газдарицата конечно ги отворила вратите од куќата, нозете и се пресекле од шок и неверување.

– Се беше прекирено со билки. Се скршив и се расплакав. Мојот живот е уништен, моето срце скршено, рекла таа.

Се проценува дека во куќата се посадени 200 стебла канабис.

Кога отпатувала во септември минатата година, Тања верувала дека куќата ја остава на семејство од Јужна Кореја. На подстанарите дури им ја намалила станарината.

А сега останала без пари, а штетата на куќата е проценета на 10.000 фунти.

Таа ги нема тие пари па стравува дека и таа, која порано готвела за други, и самата ќе стане бездомник.

Случајот го пријавила во полиција која презема мерки за расчистување.

Спонзорирано: