12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Однесувањето на Бујар Османи е незрело и скадалозно

„ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценувам за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на Владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот. Македонија за жал пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси“, вели во видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата.

„Министрите во владата  се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на  Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер.  Ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми: Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот  и дали владата има донесено одлука за тоа? Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа?“, прашува Мицкоски.

Тој додава дека ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација. „Владата покажува неспособост во секое поле и област и затоа мора да си оди. Доаѓа нова надеж за Македонија!“, вели лидерот на опозициската партија.

Спонзорирано: