18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во напад на силите на Башар ал-Асад загинаа 21 лице

Најмалку 21 цивил загинаа денеска во источниот дел на Гута, откако сириските сили го бомбардираа овој бунтовнички регион источно од Дамаск.

Информацијата беше објавена од страна на невладината сириска опсерваторија за човекови права. Истиот извор соопшти дека 12 цивили биле убиени само во нападите врз градот Дума. Во воздушните напади и интензивниот артилериски оган на армијата на претседателот Башар ал-Асад, од минатата неделата во источниот дел на Гута, се убиени најмалку 468 цивили, вклучително и 108 деца.

Советот за безбедност на ОН денеска го одложи гласањето за нацрт-резолуцијата за воведување прекин на огнот во таа енклава.