12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нема да одам на конференција поради Косово, а во интерес на Македонија

Одлуката Бујар Османи, да не оди на конференција во Босна и Херцеговина за Западен Балкан поради тоа што Косово не е покането на конференцијата, според вицепремиреот за европски прашања е во интерес на Македонија. Според него, не смеело да се отфрли Косово, туку требало оваа држава да се повика заедно со останатите.

„Не сум донел одлука спротивна на интересите на државата. Одлуката не сум ја донел како Албанец туку како Европеец. Стратегијата донесена од ЕУ предвидува перспектива за сите земји од Балканот. Една од шесте носечки инцијативи е помирувањето. Било каква инцијатива, која не се залага да има помирување не поддржувам. И да не беше повикана Србија, немаше да учествувам. Не може да се отфрла било која држава, треба да учествуваат сите“, вели Османи.

Откако Владата излезе со став дека Османи сам донел одлука да не учествува на конференцијата, тој на прашањето како би се сакнцкионирал за ваквиот чекор кој го преземал без нивна согласност, не одговори, туку само рече дека одлуката е во насока на интересите на државата.