20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата на Зоран Заев зајакнува, мнозинството се засилува: Еве кои партии се очекува да се приклучат во Влада!

Беса и Алијанса на Албанците се најсериозни кандидати за влез во Владата, дознава Скај.

Инаку Арбен Таравари, не исклучува влез на Алијансата на Албанците во Владата на Заев, но тоа зависи од тоа дали ќе добијат понуда.

Таравари денеска присуствуваше на конгерсот на едното крило на БЕСА, предводено од Биљал Касами, а вели дека би соработувале со двете крила, но и со македонските партии, со што ја отвори можноста да се вклучи во владата, најверојатно по реконструкцијата.

„Алијанса на Албанците е првата опозициска и најголема албанска политичка партија. Ние разговараме со сите пратеници и пратенички групи. Немаме конкретна понуда. Ако има понуда од Заев, за влез во Владата, партијата ќе разгледа“, вели Таравари.

Засега нема официјална потврда од БЕСА дали ќе учествуваат во Владата, но неформални извори потврдуваат дека епилог каде оваа политичка партија ќе биде владин партнер е можен.