24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: одлуката на САД да ја премести својата Амбасада во Ерусалим му штети на мирот

(МИА) – Турција соопшти дека намерата на САД да отворат Амбасада во Ерусалим во мај ги игнорира одлуките на ОН и на Организацијата за исламска соработка и му штети на мирот.

Турското Министерство за надворешни работи во соопштението истакнува дека одлуката на САД е „многу загрижувачка“.

Стејт департментот вчера соопшти дека ќе ја премести амбасадата во Ерусалим во мај, за да се совпадне со 70-годишнината од независноста на Израел.

Текември турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во декември минатата година беше домаќин на состанокот на високо ниво на Организацијата за исламска соработка, на кој присуствуваа претставници на над 50 држави. Муслиманските водачи ја осудија одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.

Спонзорирано: