9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
ЛОКАЛНО

Пробиштип го решава проблемот со недостиг на пожарникари

(МИА) – Осум пожарникари, заедно со нивниот командир ги гаснат пожарите во Пробиштип. Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека бројот на вработени е двојно помал од неопходниот минимум, а за нормална работа, неопходни се 16 активни пожарникари.

– Можам да кажам дека проблемот е во тоа што не можеме да ги користиме слободните денови. Во овој момент имаме и забрана за користење на годишен одмор се до оној момент кога ќе се пополни оној број на пожарникари во единицата, вели Терзиќ

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека проблемот со недостиг од пожарникари се решава од страна на локалната власт.

– Обезбедени се четири согласности и распишан е оглас за доекипирање на противпожарната единица за првпат после 20 години, рече  Анастасов.

Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Терзиќ забележа дека и тие како и останатите противпожарни единици во регионот имаат проблеми со старата опрема и со возилата.

– Се случува опремата да откаже на терен, како резултат на староста и дотрајаноста, рече Терзиќ.

Според извештајот за работа минатата година пожарникарите имале 61 интервенции, од кои  14 биле пожари на отворено и на објекти со поголема материјална штета.

Спонзорирано: