9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Мурињо се помалку му придава значење на Челзи

(МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, рече дека натпреварите со неговиот поранешен тим го губат значењето со текот на времето. Утре „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со лондончани во дербито на 28. круг од Премиер лигата.

– Во последните 10-15 години средбите меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи секогаш биле одлични натпревари и оваа нема да биде исклучок. Често овие два тима ја решаваа судбината на шампионската титула со директните дуели. Но овој пат Јунајтед и Челзи ќе се борат за место во Топ 4, но дуелот сепак ќе биде страшен.

Португалецот не сака повеќе да го продлабочува конфликтот со колегата од Челзи Антонио Конте.

– Натпреварите со Челзи значат за мене се помалку и помалку со секоја година. Јас го напуштив клубот пред неколку години, па постепено чувството дека сум бил менаџер на Челзи ќе исчезне, додаде Мурињо.

Спонзорирано: