14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пол Манафорд тајно плаќал европски политичари

Поранешниот менаџер на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорд тајно плаќал неименувани поранешни европски политичари да лобираат за поранешната проруска влада во Украина. Ова најново сознание се додава во обвинението кое го поднесе специјалниот советник Робер Мулер. Во него се наведува дека Манафорд им платил повеќе од 2,5 милиони долари на поранешните политичари. Манафорд пак повтори дека е невин во истрагата на Мулер.

Поранешниот висок претставник на Трамповиот изборен штаб, Рик Гејтс ја призна вината откако и против него беше покренато обвинение во истрагата на Мулер за руското мешање во американските претседателски избори. Нема сознанија дека Манафорд или Гејтс склучиле тајни договори со Русија во намерата да се влијае на резултатите на американските претседателски избори во 2016 година, што е главна цел на истрагата на министерството за правда на САД.

Спонзорирано: